logo
logo
logo

Ракометарките со една мисла - во Скопје да се обели образот

Vecer | 21.04.2021

Ракометарките со една мисла - во Скопје да се обели образот

Женската ракометна репрезентација денеска (17 часот) во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува Романија во реванш бараж-мечот за место на Светското првенство во Шпанија.

Сонот за прекин на долгиот мундијалски пост заврши уште во Букурешт. Избраничките на селекторот, Симе Симовски беа убедливо совладани од романските ракометарки со 33-22. Негативата од 11 гола е недостижна, особено ако се земат во предвид силите на теренот.

Во една ваква ситуација на нашите девојки им останува да се прикажат во едно поинаква светло, да го обелат образот и да докажат дека Букурешт беше само лош ден. Дел од стандардните репрезентативки потфрлија, денеска со помош на помладите, кои дефинитивно треба да добијат шанса на една ваква средба, ќе се обидат вистински да и парираат на Романија.

Симовски ќе настапи со истиот состав како на првиот меч.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk