Женската ракометна репрезентација денеска (17:45 часот) го игра првиот квалификациски меч за место во баражот за СП во Шпанија. Прв противник на селекторот, Симе Симовски и неговите избранички е составот на Исланд, за Македонија добро познат противник.

Желбата на дамите во „црвено-жолтиот“ дрес е победа на сите три мечеви, покрај Исланд, во нашата група се уште Литванија и Грција, а првите две репрезентација одат во баражот за Мундијалот. РФМ е домаќин на овј турнир, па предноста на домашен терен мора максимално да се искористи, иако трибините поради пандемијата коронавирус ќе останат празни.

„Ние играме на домашен терен, нормално дека сме фаворити, се подготвуваме овие неколку дена, дисциплирани сме. Имаме доста новитети во нашата селекција, подобра организација, како и нови млади ракометарки. Навистина имаме голема одговорност ние поискусните, ии треба да покажеме дека сме столбот на репрезентација во однос на младите кои треба да се огледаат на нас. Јас се надевам на три победи и верувам во тоа, затоа што се подготвуваме за тоа. Имаме искуство во вакви квалификации и верувам дека ќе држиме нивото и ќе покажеме некое ново светло“, најави Сара Ристовска, една од поискусните ракометарки во нашиот состав.

 

sportmedia.mk