logo
logo
logo

Ракометарите ги добиваат противниците за ЕП 2022: Во еден град нема да играат!

Vecer | 06.05.2021

Ракометарите ги добиваат противниците за ЕП 2022: Во еден град нема да играат!

Македонската ракометна репрезентација го завери билетот за седмото Европско првенство, шесто по ред. Домаќини на континенталното натпреварување се Словачка и Унгарија, а истот ќе се игра во јануари следната година.

Кирил Лазаров и соиграчите денешната ждрепка (закажана во 17 часот) ја чекаат од третиот шешир, во кој се најдоа Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција. Она што е веќе познато пред ждрепката е дека Македонија нема да игра во Кошице еден од градовите домаќини на групната фаза. Словачка е носител на групата токму во овој град, а бидејќи се наоѓа во третиот шешир со нас тоа значи дека оваа комбинација отпаѓа.

Доста интересна комбинација ќе биде балканска група, како Хрватска од првиот шешир, која ќе игра во Сегед, место близу за фановите доколку биде доволено публика, Србија од вториот шешир и Црна Гора од последниот.

НОСИТЕЛИ НА ГРУПИ

Група А: Словенија, град Дебрецин,

Група Б: Унгарија, град Будимпеша

Група Ц: Хрватска, град Сегед

Група Д: Германија, град Братислава

Група Е: Чешка, град Братислава

Група Ф: Словачка, град Кошице.

1. ШЕШИР:  Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија и Португалија
2. ШЕШИР:  Шведска, Данска, Србија, Русија, Унгарија и Австрија
3. ШЕШИР:  Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција и Македонија
4. ШЕШИР:  Ц. Гора, Холандија, Полска, БиХ, Украина и Литванија 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk