Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров и останатите момци се најдоа во групата А, ќе играат против Словенија, Данска и Црна Гора. Град домаќин на нашата група е Дебрецин.

ЕП ќе се одржи во две земји, Унгарија и Словачка од 13. до 30. јануари следната година. Според системот за натпреварување само првите две репрезентации од секоја група одат во следната рунда. Бранител на титулата е селекцијата на Шпанија.

За Македонија ова е седмо чество на континенталните натпреварувања, шесто во низа.

Група А: Словенија, Данска, Македонија, Црна Гора (град – Дебрецин)

Група Б: Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија (град – Будимпеша)

Група Ц: Хрватска, Србија, Франција, Украина (град – Сегедин)

Група Д: Германија, Австрија, Белорусија, Полска (град – Братислава)

Група Е: Шпанија, Шведска, Чешка, БиХ (град – Братислава)

Група Ф: Норвешка, Русија, Словачка, Литванија, (град – Кошице).

sportmedia.mk