logo
logo
logo

Радуловиќ. Кратката ротација пресуди! - Sportmedia.mk

Vecer | 22.03.2021

Радуловиќ. Кратката ротација пресуди! - Sportmedia.mk

МЗТ Скопје со пораз тргна на последниот турнир во АБА 2-лига. За првпат во меѓусебните пресметки беше совладан од Спарс со 76-68. На овие средби во составот на македонскиот тим ги нема Олуџоби, Магдевски и Гравет, кои поради повреди останаа во Скопје. Дарко Радуловиќ немаше среќа во дебито во второлигашкото јадранско натпреварување, како една од причините за поразот го наведе токму отсуството на тројцата кошаркари.

„Се боревме до самиот крај. Игравме против една од најквалитетните екипи во ова натпреварување. Бевме ослабени за тројца стандардни кошаркари, тоа и го пресуди мечот, бевме кратки во ротацијата, влеговме и во проблем со лични грешки. Моите играчи и покрај се имаа мотив, но кратката ротација пресуди“, рече Радуловиќ по поразот.

ФОТО: АБА 2 лига/Драгана Стјепановиќ

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk