Тимот на МЗТ Скопје Аеродром, денеска успеа да слави над тимот на Младост Земун во вториот меч со овој противник но не успеа да ја надокнади негативата од првиот дуел. Со ова ги заврши борбите во балонот организиран во Подгорица.

„Не го почнавме овој натпревар онака како што го посакувавме, и затоа шансите да направиме кам бек потоа беа сведени на минимум. Премнгу поени примивме во првата четвртина, а потоа се вративме во продлжение со добра одбрана. Сепак, предноста која ја имавме не ни даваше голема надеж. Денеска покажавме карактер за да се вратиме и да покажеме дека тоа пред два дена не беше правото лице на МЗТ Скопје, но тоа не беше доволно“ – кажа по натпреварот тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Дарко Радуловиќ.

 

sportmedia.mk