ЗА НОВАТА ПРВОЛИГАШКА СЕЗОНА

Радуловиќ и Михајловски желба на МЗТ Скопје 2000

Кошаркарите на МЗТ Скопје 2000 ги завршија настапите на домашната сцена со елиминација во полуфиналето од разигрувањето за титулата, против Вардар О. Сега сите мисли на раководство во клубот се насочени кон комплетирање на тимот за новата сезона. Од староседелците тренерот Александар Петровиќ и најискусниот Ѓорѓи Талевски веќе ја продолжија верноста на клубот, а има најави дека тоа ќе го сторат и оние кошаркари на кои им истекоа договорните обврски - Петровски, Миленковиќ, Ѓуроски и Антиќ. Во меѓувреме се прават напори за освежување на тимот со играчи на позиции каде екипата е најтенка. Во таа насока, иако официјално не е почнат преодниот рок (1-30 јуни), се водени начелни разговори со првиот стрелец на Маврово, Слободан Михајловски и Дарко Радуловиќ, кој по распаѓањето на екипата на Тоа сум јас е слободен играч. Ништо конкретно не е договорено, иако има позитивни сигнали и двајцата кошаркари да се преселат во таборот на "штрковите". (С.Т.)

Поврзани

Најнови вести

Коментари