logo
logo
logo

Радовиш со важни бодови против Прилеп

Vecer | 19.05.2021

Радовиш со важни бодови против Прилеп

Радовиш дојде до важна победа во битката за опстанок, на домашен терен го совлада директниот конкурент Прилеп со 27-24 во рамките на плеј-аутот и бодовно се изденачи. По десетото коло и двата тма имаат по 18 бода, три помалку од лидерот ГРК Тиквеш.

Изедначена игра во првото полувреме, водството се менуваше, а домашните ракометари благодарение на серијата од 3-0 на полувремето имаа минимални 12-11. Избраниците на Горан Кузманоски во продолжение одржуваа предност од два гола (15-17), но потоа влегоа во криза. Стигна казната, противникот со шест гола во низа дојде на плус четири 21-17. До крајот немаше промени, Радовиш заслужено дојде до бодовите.

Прв стрелец кај Радовиш беше Илиев со 12 гола, Рустамов со шест гола и Чантурија со пет беа најдобри кај гостите.

ФОТО: РАДОВИШ – ФБ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk