logo
logo
logo

Радовиш сигурен против Младост, КЛ7 остана без важни бодови

Vecer | 09.05.2021

Радовиш сигурен против Младост, КЛ7 остана без важни бодови

Радовиш го запиша петтиот триумф во низа, на гостувањето кај Младост славеше со 22-27 и дојде до важни бодови во битката за опстанок. По 9. коло се најде на третото место на табелата со 15 бода исто колку и КЛ7.

По изедначената игра во првото полувреме (13-13), гостите одиграа добро на стартот на вториот дел, го превземаа водството и до крај не дозволија пресврт. Илиев со шест гола беше прв стрелец, еден помалку запиша Стојановски и Постолов.

КЛ7 не успеа да дојде до трите бода против Јуниор К.В. Во меч со 80 погодоци, беше поразен со 43-37. На овој начин ракометарите на КЛ7 испуштија шанса да се изедначат бодовно со Прилеп. Мршуља со 18 поени беше прво име кај Јуниор К.В, на другата страна Ѓорговски имаше 9 погодоци, еден помалку запиша Димовски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk