logo
logo
logo

Работнички со триумф над Пелистер, а сега трк по пласман во Европа! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Vecer | 10.04.2021

Работнички со триумф над Пелистер, а сега трк по пласман во Европа! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Убава игра, убава победа на Работнички на Арената во Скопје и тоа со 3:1 против Пелистер. Момците на стратегот Александар Влахо уште еднаш потврдија дека имаат одлична екипа, впрочем тоа го покажува и на теренот. Иако слабени со неиграњето на четворица стандардни првотимци, Работнички го победи Пелистер со 3:1, иако според шансите резултатот требаше да биде барем 6:2.

Марио Станковски и Фахрудин Ѓурѓевиќ ќе ја паметат оваа средба. Првиот по тоа што го одигра својот најдобар меч во дресот на Работнички, а вториот и покрај фактот дека постигна гол, имаше дури уште три зицери. Едноставно можеше да се прослави.

Па така сега во пресрет на утрешните средби од 26.коло во ПМФЛ, денешната беше првата, Работнички ја мина на табелата Струга Трим Лум, а на Македонија ЃП и се приближи на само два бода.

Очигледно е дека Работнички не се шегува, овој тим има намера до крајот да се бори за тоа трето место и пласман во фудбалска Европа, поточно во Конференциската лига.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk