logo
logo
logo

Работнички прв ќе го предизвика новиот шампион!

Vecer | 28.04.2021

Работнички прв ќе го предизвика новиот шампион!

Фудбалерите на Работнички ќе ја имаат таа чест денеска први да го нагостат новиот шампион на Македонија, тимот на Шкендија коj во неделата ја официјализираше својата четврта титула. Титула со која се израмни токму со Работнички и сега заедно го делат второто место на вечната листа на трофеи во ПМФЛ веднаш зад Вардар.

Димитар Тодоровски, еден од нашите најталентирани млади фудбалерi, пред кого е блескава иднина, вели дека секогаш е предизвик да се надигра првакот.

Тој за денешниот меч со Шкендија, меч од 30.коло во ПМФЛ а се игра на Арената во Скопје со почеток од 13 часот, изјави:

Секогаш е мотив, секогаш е предизвик да се надигра шампионот. Секако дека ќе го дадеме максимумот како би забележале позитивен резултат и да се вратиме на вистински колосек по поразот од Шкупи. Шкендија е квалитетен тим со одлични поединци, но се надевам дека со добра игра ќе ја реализираме нашате цел“ посочи еден од клучните играчи во средниот ред на Работнички.

Инаку ова ќе биде вкупно 62 официјален меч меѓу двете екипи. Традицијата е на страната на Шкендија која има 30 победи наспроти Работнички кој славел на 18, додека 13 средби завршиле без победник.

Во таборот на домашните нема суспендирани играчи поради картони, додека гостите од Тетово нема да може да сметаат на „пожолтените“ Дориев и Незири а во составот се враќаат Павиќ и Кривак.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk