logo
logo
logo

Работнички против “пандевци“ ќе атакува на нова победа

Vecer | 13.03.2021

Работнички против “пандевци“ ќе атакува на нова победа

Пред точно месец дена, на 13 февруари во Струмица играа на снег, победи Работнички, а денеска Академија Пандев ќе има шанса за реванш. Овие две екипи го отворија пролетниот дел од тековната сезона, овие две екипи ќе го отворат и третиот круг.

Денеска во 15 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, Работнички ќе ја пречека Академија Пандев во меч од 23.коло.

“Оваа пролет нашиот тим има некој нов лик. Играме офанзивно, на гол повеќе, сакаме да имаме доминација на теренот, кога се браниме тоа го правиме цврсто и бескомпримисно. Така беше досега, се надевам дека така ќе биде и на дуелот со Академија Пандев. Полни сме со самодоверба и мислам дека од нас зависи дали ќе победиме против Струмичани. Во секој случај атакуваме на победа, сиот респект за А. Пандев, тоа е одличен тим“ вели за клупскиот сајт играчот за врска на Работнички, Стефан Јевтоски.

Кога сме кај традицијата, да кажеме дека досега овие две екипи одиграле 13 средби и истата е на страната на струмичани. Тие имаат пет победи, Работнички има четири, а исто толку мечеви завршиле без победник. Работнички освен со Вардар и Шкендија, само против “пандевци“ има негативен биланс во Македонија. Ете шанса денеска тоа се израмни.

Работнички е во супер форма, додека А. Пандев не стартуваше оваа пролет според очекувањата. Во секој случај тоа ќе биде супер интересн меч меѓу две квалитетни екипи.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk