logo
logo
logo

Работнички и Силекс го поделија пленот...оштетени ли беа кратовци за пенал? (ВИДЕО)

Vecer | 27.02.2021

Работнички и Силекс го поделија пленот...оштетени ли беа кратовци за пенал? (ВИДЕО)

Во првиот меч од 20.коло во ПМФЛ, Работнички и Силекс попладнево на Арената во Скопје одиграа без победник 1:1. Добар, интересен натпревар со многу ритам, шанси но на крајот поделба на пленот. На моменти Работнички беше подобар, имаше и водство, но Силекс успеа да израмни во финишот за заслужен бод.

Да кажеме и тоа дека во 43.минута при резултат 0:0 судијата Александар Грујоски не покажа пенал за кратовци, а се чини имаше елементи за такво нешто.

Работнички добро го започна мечот, иницијативата беше на негова страна, а првата закана дојде од Стојкоски во 4.минута, кога по одличната асистенција на Лука Станковски, шутираше од 10 метри но само во гоманот Божиновски. Во 29.минута одново Лука Станковски беше зачетник на една добра акција, која ја продолжи Стојкоски а шутот на Прелчец беше блокиран од Карчески.И од тој момент како да се сврте ситуација, Силекс почна да игра и да создава шанси. Ивановски беше двапати во суер ситуација, а потоа и Тантуровски, но домашниот голман Јанков беше фантастичен.

Во 43.минута судијата Грујоски веројатно требаше да покаже на белата точка за Силекс кога домашниот стопер Гроздановски играше со рака во својот шеснаесетник. Но свирката остана нема, бадијала протестите на кратовци.

КАЗНАТА СТИГНА, ПРЕЛЧЕЦ СО ДЕБИ ГОЛ…

Казната за низата пропуштени шанси дојде многу бргу во вториот дел, уште во 50.минута. Тоа беше прекрасна акција на Стојкоски и Максимов, а Прелчец ја круниса со гол за водство на Работнички. Ова беше првиот гол на Прелчец во дресот на Работнички.

По тоа водство кратовци тргнаа во напад, но без некој поголем успех. Работнички знаеше како треба да го одржи тоа свое водство. Дури имаше и две шанси, посебно добра беше онаа на Прелчец во 70.минута.

И така беше се до 79.минута кога Силекс израмни, и тоа со голот на Галевски, на кого ова беше прв гол за кратовци. Карчески, Тантуровски и Горгиев ја изработија таа акција за Галевски.

И тоа беше тоа од овој натпревар со конечни 1:1.

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1:1 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: /. Судија: Александар Грујоски (Кичево).

Стрелци: Прелчец 50. (РАБ), Галевски 79.

Ж. Картони: Максимов, Јевтоски (РАБ),Тимовски, Дурански, Карчески (СИЛ).

Играч на натпреварот: Даниел Карчевски (Силекс).

РАБОТНИЧКИ:Јанков, Ѓорѓевиќ, Тодоровски (72. Лазаров), Силјановски, М. Ристовски, Прелчец (М. Станковски), Стојкоски, Гроздановски, Максимов, Л. Станковски (83. Ѓурѓевиќ), Јевтоски.

СИЛЕКС: Божиновски, Манасиевски (75. Штерев), Благојевиќ, Драшковиќ, Ивановски (66. Галевски), Дурански (75. Мустафов), Горгиев, В. Серафимовски, Тимовски, Карчески, Тантуровски (81. Нешоски).

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk