logo
logo
logo

Работнички и Пелистер без право на грешка

Vecer | 28.05.2021

Работнички и Пелистер без право на грешка

Имињата на патниците во финалето на плеј-офот можат да бидат познати уште денеска, одлуката во свои раце ја имаат Работнички и Пелистер. Двата тима ќе решат дали Еуро Никел и МЗТ Скопје по само два меча ќе успеат да се најдат во последната фаза до титулата во мак-баскетот.

Кавадарчани имаат предност, ако може да се каже така, бидејќи играат на туѓ терен во Гевгелија, откако нивниот дом стана центар за вакцинација. Кошаркарите на Еуро Никел ја добија најважната пресметка оваа сезона против Работнички, славеа на гостински терен и поведоа со 1-0, сега победа ги дели од финалето. Но, нема да биде лесно, избраниците на Димитар Мираковски, имаат искуство за вакви мечеви, ќе биде голем пораз доколку си дозволат уште по втората средба да бидат елиминирани. Овој меч е закажан со почеток во 17 часот.

МЗТ Скопје пак покажа сила во најтешкото. Иако овој тим немаше време за одмор сепак во Битола успеа да се врати од негатива од 16 поени и да направи брејк. Пелистер пак до крајот, кога и да биде овој крај, нема да биде без Марјан Илиевски, кој добро знае како дише неговиот состав, поради коронавирус, мора да биде надвор од терените. Битолчани кои не можат да се потпрат ниту на Бојан Трајковски (повреден), немаат намера одличната сезона да ја завршат со два порази во полуфиналето на плеј-офот.

Мечот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер е закажан во 19:30 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk