Путин до Хабиб: Кога некој те провоцира, ќе му дадеш пекол! (видео)

" alt=

Рускиот претседател Владимир Путин целосно ги оправда постапките на УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, велејќи дека „секој би го направил истото“ откако борачот се судри со членовите на тимот на Конор Мекгрегор по победата над него поради провокациите на етничка и религиозна основа.

По убедливата победа на Дагестанецот над Мекгрегор во саботата, Путин му се јави на Хабиб и му честиташе за „вредната и убедлива“ победа, а сега по состанокот во градот Уљановск, Путин изјави дека „секој би го направил истото“.

„Кога си нападнат однадвор, не само ти, туку сите ќе скокневме на таков начин. Тогаш ќе му дадеш пекол на противникот. Но, секогаш е подобро да не дојдеш до тој степен“, му кажа Путин на Хабиб и на неговиот татко и тренер Абдулманап.

Покрај тоа, Путин го замоли таткото на Хабиб, Адбудлманап да не биде премногу строг кон него, откако тој порача дека ќе го казни за однесувањето.

30-годишниот Нурмагомедов најверојатно ќе биде казнет поради тепачката по мечот, за која се извини и за која тврдеше дека бил испровоциран од постојаните навреди.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари