logo
logo
logo

ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата со Донарума

Vecer | 07.04.2021

ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата со Донарума

Како одминува времето, се повеќе е јасно дека Џанлуиџи Донарума ќе го напушти Милан во блиска иднина. Едноставно, „Росонерите“ не можат да ги исполнат неговите барања, но и барањата на неговиот агент Мино Рајола и да му дадат 12 милиони евра по сезона. Во моментов Милан е подготвен на осум, што е далеку од она што се бара.

Така, се чини, ќе се бара друго решение. Се шпекулира со Јувентус, но прашање е колку и торинскиот тим може да си дозволи да даде толку пари за голманот.

Затоа, пак, ПСЖ чека развој на ситуацијата. Парижаните се подготвени да му ја дадат посакуваната плата и да го донесат во Париз.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk