Францускиот шампион ПСЖ официјално му доставил понуда на 33-годишниот Лео Меси, за која како што тврди „ТНТ Спорт“, нема да може да ја одбие.

Според изворот, на Меси ќе му биде понуден првичен договор на две години, со опција за продолжување на уште една сезона со финансиски услови што францускиот клуб го смета за фантастични.

Меси оваа сезона забележа 42 настапи за Барселона во сите натпреварувања, со 33 постигнати голови и 14 асистенции. Неговиот договор со Барселона истекува на 30 јуни годинава, а лапорта најави дека ќе направи се за првата ѕвезда на тимот да остане на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата.

sportmedia.mk