Уште една страница од големите кариери на Лионел Меси и Серхио Рамос е завршена. И обајцата си заминуваат од ПСЖ и летово ќе имаат нови клубови. Вечерва во Париз требаше да биде фешта но наместо тоа, ПСЖ се посрамоти и загуби со 2:3 од тимот на Клермон.
Мбапе и токму Рамос погодија уште на стартот на мечот за 2:0, но потоа противникот направи ретко виден пресврт и победи со 2:3.
Тимот на Нант пак обезбеди опстанок со триумфот над Анже со 1:0.