logo
logo
logo

ПСЖ ја спушти цената за Мбапе

Vecer | 02.04.2021

ПСЖ ја спушти цената за Мбапе

Килијан Мабпе и ПСЖ и натаму не успеваат да се договорат околу новиот договор. Одличниот француски репрезентативец има договор до 2022 година, овие денови призна дека му е дојдено преку глава.

„Почнаа да ме критикуваат. Тешко ми паѓа бидејќи играте во својата земја и давате се од себе за репрезентацијата. Доаѓа момент кога ќе се уморите од сето тоа“, изјави по дуелот со Босна, Мбапе.

Француските медиуми пишуваат дека и ПСЖ губи трпение, преговорите за новата соработка траат со месеци, па токму затоа размислуваат да го продадат ова лето.

Првичната цена за него беше 180 милиони евра, но спред најновите информации истата падна. Оние кои ќе сакаат да го донесат во своите редови ќе мора да платат измеѓу 120 и 150 милиони евра. За него заинтересирани се Реал Мадрид, но и тимови како Сити и Ливерпул.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk