logo
logo
logo

ПСЖ го сака Меси и уште двајца фудбалери, во Барса бесни

Vecer | 06.02.2021

ПСЖ го сака Меси и уште двајца фудбалери, во Барса бесни

Веќе со денови се зборува дека ПСЖ ќе тргне по Лионел Меси, чиј договор со Барселона му истекува ова лето. Но, францускиот првак има нов план. Покрај еден од најдобрите фудбалери во светот, ќе се обиде да земе уште двајца играчи од редовите на каталонскиот гигант.

Станува збор за Жорди Алба и Емерсон. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо добро знае каков тандем се Алба и Меси. На листата на „светците“ може да се најде и Серхи Роберто, кој пак има договор до 2022 година.

Од таборот на Барселона ваквиот потег на ПСЖ и постојаните информации за Меси се провокација пред пресметката во Лигата на шампионите. На овој начин сакаат да ги раздрмаат редовите на каталонскиот гигант за да можат лесно да ги добијат во двомечот кој следува.

Сепак од Барселона немаат намера да застанат, напротив се подготвуваат за да го вратат ударот и тоа на терен.  Првиот дуел со ПСЖ се игра на 16. овој месец, додека пак реваншот е закажан за 1о. март.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk