logo
logo
logo

ПСЖ е во четвртфинале, Барса не можеше да направи чудо во Париз (видео)

Vecer | 10.03.2021

ПСЖ е во четвртфинале, Барса не можеше да направи чудо во Париз (видео)

Сепак, предноста на ПСЖ од 4:1 обезбедена на првиот меч во Париз беше недостижна за Барселона. Каталонскиот џин вечерва се обиде на „Паркот на принцовите“ да направи чудо меѓутоа не успеа. Резултатот во главниот француски град беше 1:1 со што ги испрати парижаните во четвртфиналето.

Во 31 минута Килијан Мбапе погоди од пенал, откако судијата Антони Тејлор процени дека имало контакт меѓу Ленгле и Икарди во шеснаесетникот. Но веднаш потоа возврати Лео Меси со прекрасен гол од далечина со што разбуди надеж дека може да се направи нешто вечерва.

Сепак, во 45 минута Аргентинецот промаши пенал. Голманот на ПСЖ Кејлор Навас го одбрани неговиот удар од 11 метри.

Во вториот дел и покрај притисокот на Барса и многуте шутеви резултатот на семафорот не се промени. 1:1 доволно за ПСЖ да оди понатаму.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk