logo
logo
logo

ПСЖ без најдобриот против Барселона

Vecer | 09.03.2021

ПСЖ без најдобриот против Барселона

ПСЖ ќе биде без услугите на Нејмар на реванш мечот со Барселона во рамките на осминафиналето во Лигата на шампиони.

Францускиот првак потврди дека Бразилецот не е подготвен по повредата, тој е надвор од стројот од 10. февруари кога доби удар во Куп мечот против Каен.

ПСЖ на првата средба славеше со 4-1 на гостински терен, но сигурно нема да влезат опуштено, бидејќи пред четири години Каталонците успеаја да надокнадат негатива од 4-0, на реваншот славеа со 6-1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk