logo
logo
logo

ПСЖ без Мојс Кин за мечот со Барселона во Лигата на шампионите?

Vecer | 03.03.2021

ПСЖ без Мојс Кин за мечот со Барселона во Лигата на шампионите?

Напаѓачот на ПСЖ, Моис Кин, се зарази со коронавирус и ризикува да го пропушти мечот со Барселона од Лигата на шампионите.

Италијанскиот фудбалер беше тестиран денеска, а резултатот од тестот бил позитивен. Кин веднаш е ставен во карантин во Париз. Така, напаѓачот може да го пропушти реваншот од 1/8-финалето во Лигата на шампионите со Барселона, кое е закажано на 10 март.

Кин игра за ПСЖ на позајмица, а правата на играчот се во сопственост на Евертон. Тој оваа сезона настапи на 18 натпревари во француската Лига 1 и има постигнато 11 погодоци.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk