logo
logo
logo

Првпат по 16 години, Роналдо без гол во плејофот од ЛШ

Vecer | 10.03.2021

Првпат по 16 години, Роналдо без гол во плејофот од ЛШ

Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо не успеа да постигне гол во плејофот во Лигата на шампионите сезона 2020/21. Португалецот го напушти теренот без погодок во двата осминафинални натпревари против Порто (1:2, 3:2).

Роналдо не се запиша во листата на стрелците во плејофот на Европскиот куп за прв пат од сезоната 2004/05. Тогаш тој играше за Манчестер Јунајтед.

На синоќешниот реванш со Порто, Роналдо му асистираше на Киеза при првиот погодок, но тоа не беше доволно да се избегне елиминација. Дури Португалецот го обвинуваат за лошо поставување во живиот ѕид при голот на Порто за 2:2 во продолженијата.

Покрај Порто, синоќа пласман во четвртфиналето од најсилното клупско европско натпреварување избори и Борусија Дортмунд.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk