logo
logo
logo

Прво на онлајн настава потоа деби за репрезентацијата на Германија

Vecer | 22.03.2021

Прво на онлајн настава потоа деби за репрезентацијата на Германија

Образованието е на прво место дури и на највисокото ниво во професионалниот фудбал, научи сензацијата на германскиот национален тим Флоријан Вирц. Тој може да дебитира за националниот тим на Германија на 17 години против Исланд во четврток, но пред тоа мора да присуствува на онлајн часовите во хотелската соба каде што се сместени репрезентативците.

Донесовме и учител со нас, затоа што Флоријан мора да учи, има тестови и активности во училиште како и испити за крај на учебната година“, кажа директорот на ДФБ Оливер Бироф.

Вирц не е единствениот тинејџер меѓу „Панцерите“. 18-годишниот Џамал Мусиала од Баерн исто така е таму.

„Двајцата веќе покажаа колку можат, за што се способни. Тоа се талентирани фудбалери и мило ми е што им даваме шанса да тренираат со репрезентацијата“, кажа Бироф.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk