Поранешниот напаѓач на Бразил,  Пеле му честиташе на Кристијано Роналдо за соборувањето на неговиот рекорд по бројот на постигнати голови на официјалните натпревари.

„Кристијано, животот е соло лет. Секој има свое патување, а колку е прекрасно твоето! Ти се восхитувам, сакам да те гледам како играш, тоа не е тајна за никого. Честитки за соборувањето на мојот рекорд за головите на официјалните натпревари. Единствено жалам што денес не можам да те гушнам. Но, ја оставам оваа фотографија во твоја чест со голема љубов како симбол на пријателство што трае многу години “, напиша Пеле на Инстаграм.

Роналдо со трите гола против Калјари дојде до бројката од 770 гола со што го мина Пеле кој во својата кариера имаше 767.

sportmedia.mk