logo
logo
logo

Првиот човек на ПСЖ е нов претседател на Европската асоцијација на клубови

Vecer | 22.04.2021

Првиот човек на ПСЖ е нов претседател на Европската асоцијација на клубови

Првиот човек на францускиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, кој немаше намера да се приклучи на Суперлигата, е новиот претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА). Катарскиот магнат го замени на позицијата досегашниот претседател и прв човек на Јувентус, Андреа Ањели, кој беше еден од иницијаторите на неуспешниот проект.

„На фудбалот му требаат вистински луѓе на лидерските позиции, а Насер е личност која во минатото докажа дека е во состојба да ги штити не само своите, туку и интересите на другите клубови, што е предуслов за позицијата претседател на Здружението на Европски клубови“, рече првиот човек на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk