logo
logo
logo

Првиот човек на Е.Пелистер со три зборови го опиша дебаклот од Вардар (ФОТО)

Vecer | 28.03.2021

Првиот човек на Е.Пелистер со три зборови го опиша дебаклот од Вардар (ФОТО)

Е.Пелистер на стартот на сезоната јавно го нападна тронот на Вардар. Битолчани под водство на Жељко Бабиќ изгадија ростер за високи дострели. Во Европа ги оправдаа очекувањата, ја минаа групната фаза и се најдоа во осминафиналето, но таму уште по првиот меч капитулираа пред силниот Магдебург и покрај најавите на хрватскиот стратег дека во Битола никој не минува лесно.

Но, ајде тоа е Европа.

По овој пораз добија уште еден голем удар, Вардар 1961 во првото дерби ги симна од облаци, им одржа шампионска лекција, им порача дека за титула се потребни дела, не зборови. Убедливиот пораз од 35-27 и немоќта на теренот, оправдано го налути раководството на Е.Пелистер, а се чини Бабиќ полека ја губи нивната доверба, некомплетниот ростер не треба да биде никакво оправдување за немањето на тактички одговор на добро поставената игра на Стевче Алушовски, кој целосно го надмудри противникот.

На социјалните мрежи веднаш по поразот, се огласи и претседателот на клубот, Зоран Стерјев, со три зборови го опиша она што го виде во СЦ „Јане Сандански“: МИЗЕРНО, НЕДОЛИЧНО, ЛОШО!

Овој коментар е на место, особено кога доаѓа од човекот, кој вложува премногу во Е.Пелистер. Точно е дека битката за титулата не е загубена, но се чини за ваква игра нема оправдување. Ова не е тимот за кого Стерјев и останатите кои се дел од раководството вложија голема сума на пари.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk