logo
logo
logo

Првакот по бодови во Гевгелија, можат ли „академците“ да го сопрат „залетаниот“ Пелистер?

Vecer | 23.01.2022

Првакот по бодови во Гевгелија, можат ли „академците“ да го сопрат „залетаниот“ Пелистер?

Денеска ќе се одиграат уште два меча од 13. коло во Првата лига. МЗТ Скопје е гостин во Гевгелија (17:30 часот), по поразот од Пелистер пред паузата, актуелниот првак ќе бара враќање на победничките патеки и секако кикс на лидерот за напад на врвот на табелата.

Првата средба оваа сезона му припадна на тимот од Аеродром и тоа убедливо, но сега во составот го нема Дастин Вер, кој продолжува во Франција. Сепак ова не треба да биде пречка за избраниците на Дарко Радуловиќ да дојдат до целиот плен. Нема да биде лесно, Кожув се засили пред вториот дел, дојдоа: Александар Штерјов (Еуро Никел), Тревон Бродвеј (ТФТ), Елџеј Каухерд (САД), Мајлс Томпсон (САД), но си заминаа шест играчи.

Пелистер цели 12. кола доминира во домашниот шампионат, а својата серија ќе се обиде да ја продолжи на гости кај незгодниот тим на Академија ФМП, кој одлучи да не менува ништо во составот. Дуелот е закажан со почеток во 18:30 часот.

Пелистер има 24 бода, три повеќе од МЗТ Скопје, додека Академија ФМП е на петото место со 20 бода.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk