Денеска продолжуваат натпреварите од Првата кошаркарска лига. Во рамките на 19. коло ќе се одиграат само четири меча без МЗТ Скопје и Работнички, кои имаат обврски во АБА 2-лига.

Саботното дерби ќе се игра во салата „Младост“, Гостивар е домаќин (18 часот) на Кожув. И двата тима во минатото коло забележаа порази, гостиварци беа совладани од МЗТ Скопје, додека пак гевгеличани на домашен терен го загубија дуелот со Академија ФМП.

Домашниот тим има еден бод (26) повеќе од противникот и се наоѓа на петото место на табелата, пред Кожув.

На втората средба закажана за денеска, сензацијата од претходните две кола Академија ФМП има една задача, да ја продолжи победничката серија, на домашен терен го пречекува Вардар. Избраниците на Александар Петровиќ високо котираат на табелата, се наоѓаат на четвртото место со скор од девет победи и осум порази. Мечот е закажан со почеток во 18:30 часот.

Утре, Пелистер е гостин на Куманово, додека МЗТ Скопје 2 го пречекува ТФТ.

 

sportmedia.mk