Проштално писмо на Роналдо: Секогаш ќе кажам "Ала Мадрид"

Годините поминати во Реал и Мадрид веројатно се најсреќен период во мојот живо

Дојде време да се тргне во нова етапа во животот, ги молам сите навивачи на Реал да ме разберат, напишал португалскиот ас, новиот член на Јувентус, во писмо објавено на сајтот на мадритскиот великан.

"Годините поминати во Реал и Мадрид веројатно се најсреќен период во мојот живот. Можам да чуствувам благодарност на овој клуб и град. Исто така, благодарам на сите навивачи за цела љубов која ми ја даваа. Сепак верувам дека дојде време за ново поглавје во мојот живот, и зато барав од клубот да го прифати моето барање за трансвер. Така чуствувам и ве мола сите, особено навивачите, да ме разберат.

Поминав девет преубави години овде. Девет посебни години. Тоа беше период на возбуди, полн со почитување, но истовремено и тежок, бидејќи критериумите во Реал секогаш беа високи. Сепак многу добро знам дека никогаш нема да заборавам дека овдека уживав во фудбалот на единствен начин.

Имав одлични соиграчи на теренот и во соблекувалните. Публиката секогаш срдечно ме прифаќаше и заедно освоивме три пати по ред Лиги на шампионат, а четири за пет години. Заедно со сите нив, на индивидуален план, доживеав сатисвакција во вид на освојување на четири златни топки и три златни копачки. И тоа се додека играв за овој голем клуб.

Реал го освои моето срце и моето семејство а најмногу поради тоа сакам да се заблагодарам. Благодарам на клубот, претседателот, директорите, колегите тренерите, физеотерапевтите и сите останати одлични работници кои правеа секој детал да биде на свое место и се да функционира беапрекорно. Бесконечно сум благодарен на сите во шпанскиот фудбал. За овие девет години имав одлични ривали. Спрема нив негувам големо почитување. 

Заминувам но овој дрес, грб и стадионот Сантијаго Бернабеу засекогаш ќе го носам со себе каде и да одам.

Благодарам на сите и секако, како што реков прв пат пред девет години на овој стадион – Ала (напред) Мадрид!

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари