logo
logo
logo

Промени во ФК „Победа“: Емил Јанески нов претседател, Благоја Гешоски спортски директор на клубот

Vecer | 13.04.2021

Промени во ФК „Победа“: Емил Јанески нов претседател, Благоја Гешоски спортски директор на клубот

После неодамнешната промена на статусот на клубот, со кој тројца фудбалски работници од ФК „Победа“ станаа сопственици на 80% од акциите на клубот откако четворица од петмината досегашни акционери им ги подарија своите акции, фудбалската гордост на градот има ново раководство.

Тоа на денешната прес конференција одржана на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ го соопшти градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, кој информираше дека нов претседател на ФК „Победа“ е Емил Јанески, а за спортски директор е назначен поранешниот фудбалер на клубот, Благоја Гешоски.

„Како градоначалник на општина Прилеп, формирав координативно тело кое е составено од 9 членови, во кое покрај мене, членуваат и тројцата фудбалски работници од клубот кои ги примија акциите како подарок од акционерите, како и петте членови на Фудбалскиот сојуз од Прилеп кои се делегати во ФФМ. На првиот координативен состанок, се договоривме дека од тој момент нема да има политика во ФК ‘Победа’ и дека наш врвен приоритет ќе биде интересот на клубот, на љубителите на фудбалот и на целата прилепска спортска јавност. Сите одлуки ќе ги носиме со консезус, а не со надгласување.

На состанокот, двата мои предлога беа едногласно усвоени, со што за претседател на клубот беше избран Емил Јанески, а за спортски директор Благоја Гешоски, кои заедно со актуелниот тренер на ФК ‘Победа’, Дарко Крстески, ќе го водат клубот до крајот на првенството“, изјави градоначалникот Јованоски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk