logo
logo
logo

Пролетва Вардар го чека ПЕКОЛ во ПМФЛ: Ќе успее ли да се спаси!?

Vecer | 18.03.2021

Пролетва Вардар го чека ПЕКОЛ во ПМФЛ: Ќе успее ли да се спаси!?

Остануваат уште 10 кола до крајот на сезоната во ПМФЛ, а едно од главните прашања меѓу фановите на мак – фудбалот, а пред се меѓу фановите на Вардар, е дали нашиот најтрофеен клуб сепак ќе успее да се спаси од најлошото, од испаѓање.

Се знае што се случува со клубот, но и во клубот. Вардар е во агонија, игра со младинци, а голем удар е и фактот дека тренерот Никола Илиевски – Џиџи, поради Ковид-19 нема да биде со тимот десетина дена.

Вардар пролетва тргна како што тргна, со проблеми, без пари. Во петте одиграни мечеви успеа да освои само два бода од можните 15. Оидгра реми со Пелистер и Струга ТЛ дома, а на гости загуби од Шкендија, Ренова и Шкупи.

До крајот остануваат уште 10 кола, значи во игра се 30 бодови. Но во Вардар, за тие што се разбираат во фудбал знаат добро, допрва ќе доаѓаат проблемите. Клупата е тенка, без подготовки, свежината која ја красеше екипата ќе ја нема, доаѓаат повреди, суспензии и картони. Едно е да сакаш, но сосема друго е да го можеш да го сториш тоа на терен.

Во тие пеколни 10 кола Вардар треба да игра дома со Шкендија, Ренова, Беласица, Работнички и Македонија ЃП. Додека треба да гостува кај Пелистер, Силекс, А. Пандев, Борец, Струга ТЛ. Од овие екипи кај што ќе гостува првите четири се борат за опстанок а Струга ТЛ за излез во Европа.

Какви и да се желбите, верувањата во себе, ветувањата дека нема да се предадат до крај од страна на вардарци, сепак реалноста е поинаква.

Вардар во пресрет на тие 10 последни кола се наоѓа на 8. место на табелата со 27 бодови, само три повеќе од единаесетата Ренова.

Да потсетиме, екипите кои на крајот ќе завршат на 11. и 12. место се селат во Втора лига, додека деветата и десетата ќе играат бараж за опстанок во елитата со второпласираните екипи во ВМФЛ исток и запад. Значи осмото место е спасот.

И на крај да потсетиме, овој пеколен пролетен распоред Вардар го стартува во сабота, и тоа против Шкендија на свој терен. Против тим кој што нема победа од октомври 2017 година, или 14 мечеви во серија.

А Вардар мора, ама баш мора да почне да победува.

Во спротивно се знае што ќе се случи.

РАСПОРЕД

24.КОЛО-20.03: ВАРДАР – Шкендија

25.КОЛО-04.04: Пелистер – ВАРДАР

26.КОЛО-11.04: Силекс – ВАРДАР

27.КОЛО-14.04: ВАРДАР – Ренова

28.КОЛО-18.04: А. Пандев– ВАРДАР

29.КОЛО-25.04: ВАРДАР – Беласица

30.КОЛО-28.04: Борец – ВАРДАР

31.КОЛО-02.05: ВАРДАР – Работнички

32.КОЛО-09.05: Струга ТЛ – ВАРДАР

33.КОЛО-16.05: ВАРДАР – Македонија ЃП

ТАБЕЛА

6.БОРЕЦ 32

7.ПЕЛИСТЕР 28

8.ВАРДАР 27

…………………………

9.СИЛЕКС 26

10.А.ПАНДЕВ 25

………………………….

11.РЕНОВА 24

12.БЕЛАСИЦА 13

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk