logo
logo
logo

Проблем: И Дамјан Стојановски позитивен на Ковид-19, одложен мечот со Пелистер

Vecer | 03.04.2021

Проблем: И Дамјан Стојановски позитивен на Ковид-19, одложен мечот со Пелистер

МЗТ Скопје нема може да дигне глава од проблеми. По повредите, тимот од Аеродром се соочува со позитивни случаи на Ковид-19. По тренерот, Дарко Радуловиќ, на листата на заразени е Дамјан Стојановски.

Челниците на клубот со дозвола на Пелистер побараа одложување на дерби натпреварот, кој беше закажан за утре.

„Лошиот период во нашиот тим продолжува со веста која нѐ растревожи утринава дека позитивен на коронавирусот е и нашиот капитен, Дамјан Стојановски. И тој, како тренерот Дарко Радуловиќ, почувствува благи симптоми по средбата со Академија ФМП, по што веднаш замина во домашна изолација и се тестираше. Дека ова е сериозен проблем за нашиот тим, но и за сите наши претходни и идни противници, потврдува и фактот што уште двајца наши кошаркари чувствуваат благи здравствени проблеми, поради што и на нив им е закажано тестирање на Ковид-19.

Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром со дозвола од нашиот противник Пелистер, побара одложување на утрешниот дерби-натпревар, со цел да се спречи понатамошното ширење на вирусот, како во нашиот тим, така и во битолскиот состав, кому сме му благодарни што веднаш излезе во пресрет. Здравјето на кошаркарите и на двете екипи е во првенствен интерес за управите на двата тима, поради што се надеваме дека и интенцијата на КФМ ќе биде заштита на играчите, меѓу кои има и многу репрезентативци.

А, на нашиот капитен Дамјан му посакуваме лесно да го мине периодот во изолација, без никакви проблеми и да ја „нокаутира“ болеста со серија тројки и два-три атрактивни влеза, нешто што е заштитен знак во целата негова кариера“, известија од МЗТ Скопје.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 22.КОЛО

САБОТА:

16.00: ТФТ – Еуро Никел 2005

16.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Гостивар

19.00: Работнички – Академија ФМП

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk