logo
logo
logo

Прими руска вакцина во Србија: ЛИЧАМ НА ПУТИН, БРАДАТА МИ Е КАКО НА ДРАЖА

Vecer | 16.02.2021

Прими руска вакцина во Србија: ЛИЧАМ НА ПУТИН, БРАДАТА МИ Е КАКО НА ДРАЖА

Се повеќе личам на Путин, а брадата ми расте како на Дража Михајловиќ, изјави фудбалскиот тренер Ќиро Бажевиќ откако соопшти дека се вакцинирал со руската вакцина Спутник Ви во Србија.

- Не сум се туркал преку ред, не сакам! Да го направив тоа, сега ќе ми ја е*еа мајката. Убаво си отидов таму кога можев и се вакцинирав и можам да ти кажам, кога ќе се погледнам во огледало, сѐ повеќе личам на Путин, вели легендарниот тренер кој имаше намера да ги сруши предрасудите со оваа изјава.

Потоа шеговито додаде дека сега му расте руса коса, а баш му била прекрасна и му фалело уште да го извежба погледот на Путин.

- Нема да одам повторно. Ми извадија и крв да видат како ќе реагирам на вакцината, најверојатно тест на антитела. И како реагирав? Морам брадата да ја бричам, сега ми расте како на Дража Михајловиќ…, вели Ќиро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk