logo
logo
logo

Пријателска во Охрид: Струга Трим Лум со триумф против Велешта (1:0)....

Vecer | 15.02.2021

Пријателска во Охрид: Струга Трим Лум со триумф против Велешта (1:0)....

Попладнево во Охрид, на теренот со вештачка трева, во пријателски натпревар, Струга Трим Лум го победи соседот Велешта со 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Абдулхади Јахја и тоа во 80.минута. Оваа контрола не беше планирана од страна на тренерот Срѓан Захариевски, но со оглед на тоа дека вчерашниот меч во ПМФЛ со Македонија ЃП беше одложен, Захариевски инсистираше да се одигра еден ваков натпревар со цел да се задржи потребната форма.

И на овој меч тој им даде шанса на повеќе свои играчи, според се ова би требало да биде “генералката“ на Струга Трим Лум во пресрет на неделниот, инаку презакажан, дуел со Македонија ЃП.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk