logo
logo
logo

Пријателска: “Пиратите“ со сензационални 5:1 го победија комбинираниот Шкупи!

Vecer | 28.03.2021

Пријателска: “Пиратите“ со сензационални 5:1 го победија комбинираниот Шкупи!

Попладнево на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, се одигра пријателски меч меѓу Шкупи и Скопје, во кој победија “пиратите“ со сензационални 5:1. Велиме сензационални зошто чаирчани се втори во ПМФЛ, а Скопје пак лидер во Втората лига – запад.

Сепак треба веднаш да се каже дека тренерот на Шкупи, Хасан Озер мечот го почна со младинци и со играчи кои ретко или никогаш не биле во првиот тим. Но кога виде како се одвива натпреварот во вториот дел ги внесе првотимците, но тие успеаја само преку Фреди Алварез од пенал, да го намалат резултатот.

Стрелци за победничката екипа беа Жоглев, Јанакиевски, Димов, Десниќ и Јаневски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk