logo
logo
logo

Претседателот на ФС на Германија поднесе оставка од морални причини

Vecer | 17.05.2021

Претседателот на ФС на Германија поднесе оставка од морални причини

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Германија Фриц Келер поднесе оставка од функцијата поради морални причини, пренесува „Ројтерс“. Келер бил принуден да ја напушти функцијата во германскиот фудбал после големиот притисок на јавноста поради непримерниот нацистички коментар кон претседателот на Управниот одбор Рајнер Кох.

На состанокот одржан на 23. април Келер го нарекол Кох, кој инаку е судија, „Фрајслер“ по озогласениот нацистички судија Роланд Фрајслер, кој бил учесн ик на конференцијата во 1942. година на која нацистите го претставиле своето конечно решение за истребување на Евреите.

Инаку Келер беше избран за претседател на ФС во 2019 година за да ја реорганизира Сојузот по низа афери. А во тоа не успеа, тој е четвртиот едноподруго претседател кој поднесува оставка.

Неговиот претходник Рајнхард Гриндел поднесе оставка по критиките поради поклонет луксузен часовник од извесен украински бизнисмен. Претходно Нирсбах и Цванцигер беа под истрага во Швајцарија за малверзации и подмитување околу организацијата на СП 2006 кое се одржа во Германија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk