logo
logo
logo

Премиерлига: Голеада на “Кинг Пауер“, Лестер – Њукасл 2:4!

Vecer | 07.05.2021

Премиерлига: Голеада на “Кинг Пауер“, Лестер – Њукасл 2:4!

Каков шок за Лестер, за тимот кој се бори за пласман во Лигата на Шампиoните, и тоа од Њукасл вечерва на својот “Кинг Пауер“ и тоа со 2:4. Фантастична партија на момците Стив Брус кои ја одиграа една од своите најдобри средби во последно време.

Во меч од 35.коло, Њукасл не само што убедливо го совладаа големиот фаворит кој вечерва беше очаен, туку и играчки го понижија. Гостите поведоа со голот на Вилок во 22.минута, веќе во 34.минута беше 2:0 за Њукасл со голот на Дамет, со тој резултат се замина на полувреме.

Лестер се обиде да направи нешто, но се беше бадијала за четата на стратегот Брендан Роџерс. Вилсон во 65. И 74.минута постигна два гола за сензационално водство од 4:0 за гостите. Дури тогаш Лестер се разбуди, Олбрајтон и Ихеначо, во 80.и 87 минута намалуваат на 2:4. Лестер во финишот трна на се или ништо, имаше и шанси, но остана тој резултат од 4:2 за Њукасл,

Чудесен меч, типичен за Премиерлигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk