logo
logo
logo

Премиер лигата го објави новиот термин за одложеното дерби меѓу Јунајтед и Ливерпул

Vecer | 05.05.2021

Премиер лигата го објави новиот термин за одложеното дерби меѓу Јунајтед и Ливерпул

Одложениот натпревар од 34-то коло во Премиер лигата меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, ќе се игра на 13 мај, објави ја од лигата.

Мечот беше одложен поради упад на навивачите на Манчестер Ј. на стадионот и пресметка со полицијата пред стадионот.

Незадоволните приврзаници на „црвените ѓаволи“ се собраа во голем број во неделата, на 2 мај, пред „Олд Трафорд“ во знак на протест против сопствениците на клубот, семејството Глејзер.

Полицијата во вторникот соопшти дека едно лице е уапсено за немирите пред и на стадионот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk