logo
logo
logo

Премиер лига ги продаде ТВ правата за 5,5 милијарди евра

Vecer | 14.05.2021

Премиер лига ги продаде ТВ правата за 5,5 милијарди евра

Англиската фудбалска Премиер лига објави денеска дека постигнала договор околу продажба на правата за телевизиски преноси од натпреварите со Скај спортс, БТ Спорт, Амазон Прајм Видео и Би-Би-Си Спорт, вреден околу 5,5 милијарди евра за период од 2022 до 2025 година.

Износот е приближно еднаков како и претходниот тригодишен договор, за 1,83 милијарди евра по сезона, и доаѓа како резултат на непосредна спогодба, а не преку јавно наддавање, за што Премиер лигата, поради пандемијата на коронавирус, доби дозвола од британската Влада.

Договорот вреден 5,5 милијарди евра ја остави Премиер лигата на водечкото место според заработката од телевизиските права, пред француската Прва лига, со приход од 1.172 милијарди евра (за периодот 2020 – 2024), германската Бундеслига (1.16 милијарди евра, 2017-2021), шпанската Ла Лига (1.14 милијарди евра 2019-2022) и италијанската Серија А со заработка од 973 милиони евра по сезона за периодот од 2019-2021 година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk