Нема дилеми дека тимот на Работнички е поразличен од оној кој што настапуваше есеноска. Дојдоа неколку играчи кои се дел од стартните единаесет меѓу кои и Никола Прелчец, искусниот хрватски интернационалец кој досега беше дел од Борец, но зимава се пресели во Гратски парк.

Тој не само што веднаш ја доби улогата на прв напаѓач стартуваше и против Академија Пандев ов Струмица, а и против Силекс на домашен терен, туку и веќе го постигна премиерниот гол во ремито против кратовци 1:1. Сега на ред е мечот против Шкендија, дуел во кој Работнички во голема мера треба да го покаже и докаже својот капацитет во моментов, затоа што се знае дека тетовци се најдоброто во моментов во мак фудбалот. Лидери се на табелата, и се главни фаворити за титулата.

„ Ни фалат неколку важни играчи што поради повреда, што поради суспензии. Но она што ми се допаѓа кај Работнички како тим во моментов е што имаме сериозен играчки кадар па секое одсуство може да се надомести. Шкендија во моментов е број еден во Македонија, што се гледа по табелата и бодовната разлика со останатите. Сепак, ние како екипа, на чело со стручниот штаб добро се подготвуваме и мислам дека утрешниот меч против Шкендија ќе биде исклучително интересен за гледање“ – вели Прелчец па додава. 

„Направивме анализа на се она што се случуваше на мечот против Силекс. Иако направивме се што тренерот замисли, сепак, останува моето мислење дека секој од нас, почнувајќи од мене, мора да напредуваме како на индивидуален така и на колективен план и да направиме се за Работнички како тим биде подобар. Да бевме сите за нијанса подобри, ако што сигурен сум дека може да бидеме, победата против Силекс би била тука. Сепак, се работи за доста квалитетна и дисциплинирана и пред се агресина екипа, за која за да се победи треба да се биде на највисоко ниво“ – завршува Никола Прелчец за Спортмедиа. 

sportmedia.mk