logo
logo
logo

Прелчец: Работнички е на исто рамниште како Шкупи!

Vecer | 07.03.2021

Прелчец: Работнички е на исто рамниште како Шкупи!

По Шкендија, лидерот на табелата, денеска Работнички се среќава со второпласираната екипа на табелата, составот на Шкупи. Градското дерби ќе се игра денеска од 14 часот на стадионот на ФФМ. За тоа што може да сторат “романтичарите“ на ова гостување, свое видување има голгетерот Никола Прелчец.

“Секоја чест за Шкупи, тоа е тим кој се бори за самиот врв на табелата. Тоа е тим кој претрпе многу промени во играчкиот кадар зимава. Сепак јас мислам дека Работнички во најмала рака е на исто рамниште како и Шкупи. Сметам дека има квалитет, и ако ги исполниме задачите на тренерот Алекснадар Влахо би можеле од овој натпревар да оствариме позитивен резултат“ изјави Прелчец.

Инаку за овој дуел во тимот се враќа еден од клучните играчи на “романтичарите“ Стефан Јевтоски, додека се уште не може да се смета на Драган Стојков.

Кога сме кај традицијата таа е на страната на Работнички. Во последните неколку години на 20 официјални меча клубот од Градски парк има 7 победи и 5 порази, осум средби завршиле без победник. Интересно е тоа што на секој натпревар имало барем по еден гол.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk