logo
logo
logo

Пред дуелот со Македонија доби нов договор

Vecer | 28.04.2021

Пред дуелот со Македонија доби нов договор

Иако Финска во овие квалификации за Европското првенство нема победа, сепак предводникот на оваа репрезентација, Ола Линдгрен на ден пред мечот со Македонија (се игра денеска, 17 часот) доби нов договор.

Челниците на тамошната федерација се задоволни од неговата работа, па ја продолжија соработката на уште две години. Тој на клупата на Финска седна во 2019 година.

До крајот на овие квалификации Линдгрен има тешка задача, денеска ќе ги одмери силите со Македонија, која влегува како голем фаворит, а потоа со Данска.

Со оглед на распоредот на силите, предводникот на финската репрезентација, истакна дека во овој момент треба да продолжат на подигање на квалитетот на играта, свесен е дека на овие два меча победите се невозможна мисија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk