logo
logo
logo

„Правда за Диего“ - Аргентинците на протести бараат виновник за смртта на Марадона

Vecer | 11.03.2021

„Правда за Диего“ - Аргентинците на протести бараат виновник за смртта на Марадона

Аргентинците вчера излегоа на улиците на Буенос Аирес барајќи правда за Диего Марадона, откако истрагата за причината за неговата смрт сè уште нема дадено никакви одговори.

„Тој не умре, тој беше убиен“, рекоа од протестот пред Обелиск во Буенос Аирес каде неговите обожаватели вееја знамиња и пееја песни.

Поранешната сопруга на Марадона, Клаудија Вилафане и неговите две ќерки Далма и Џанина беа исто така присутни на собирот. „Правда за Диего“, „Сакаме судење и казна за виновните“, беа дел од транспарентите.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој има скоро божествен статус во Аргентина и покрај долгите борби со зависноста од дрога и алкохол, почина на 25 ноември минатата година.

Срцевата слабост сè уште стои како официјална причина за смртта, но истрагата што треба да го потврди или побие ова тврдење сè уште трае. Неговото семејство верува дека тој починал поради лошата грижа на лекарот и неговите помошници.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk