logo
logo
logo

Прандели не е повеќе тренер на Фиорентина

Vecer | 23.03.2021

Прандели не е повеќе тренер на Фиорентина

Чезаре Прандели се повлече од тренерското место на тимот на Фиорентина, пренесуваат италијанските медиуми.

Последниот пораз на тимот од Милан на домашен терен со 2:3 минатиот викенд очигледно беше моментот преку кој веќе клубот не можеше да мине, па се раздели со искусниот стратег.

Самиот Прандели го потврди заминувањето и призна дека не се чувствува добро и ова може да биде крај на неговата кариера како тренер.

„Во овој момент од мојот живот се чувствувам крајно лошо и непријатно, што ме спречува да си ја работам работата. Ужасно е чувството. Последните месеци, во мене растеше мрак, мојата кариера може да заврши тука “, рече Прандели.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk