logo
logo
logo

Познато е зошто Куман доби црвен картон (ВИДЕО)

Vecer | 30.04.2021

Познато е зошто Куман доби црвен картон (ВИДЕО)

Барселона имаше се во свои раце, шест победи во исто толку меча до крајот на првенството за каталонскиот гигант беа доволни за нова титулата во Ла Лига. Но избраниците на Роналд Куман киксираа уште на првиот меч во таа низа, беа совладани од Гранада со 1-2 и натаму е на третото место на табелата со 71 бод, колку и второпласираниот Реал Мадрид. Лидер е Атлетико Мадрид со два бода повеќе.

Куман во 66. минута беше исклучен, три минути подоцна откако беше поништен голот на Лионел Меси за водство. Не беше јасно зошто стратегот на Барса беше исклучен, но шпанските медиуми подоцна имаа шанса да видат во записникот, а причината е приговор кон судијата. И покрај сите предупредувања, тој продолжил да бунтува.

Моментот можете да го видите на овој ЛИНК. 

Поради овој потег, Куман нема да биде на клупата на следниот меч, неговите момци играат против Валенсија.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk