Откако вчера се одиграа реваншите од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, сега се знаат сите двојки за плеј – офот во ова натпреварување. Динамо Загреб, тимот на Аријан Адеми и Стефан Ристовски, откако го елиминира Лудогорец, а претходно и Шкупи, за последна пречка пред групната фаза ќе ја имаат екипата на Бодо/Глимт од Норвешка.

Трабзонспор, за кој веројатно ќе настапува и Енис Барди се среќава со данскиот Копенхаген.

Инаку мечеви од плеј – офот во ЛШ се закажани за 16/17 август и 23/24 август.

ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈ – ОФОТ

Карабах (АЗЕ) – Плзен (ЧЕШ)
Бодо/Глимт (НОР) – Динамо Загреб (ХРВ)

Макаби Хаифа (ИЗР) – Ц. Звезда (СРБ)
Копенхаген (ДАН) – Трабзонспор (ТУР)

Динамо Киев (УКР) – Бенфика (ПОР)

Ренџерс (ШКО) – ПСВ Ајндховен (ХОЛ)

sportmedia.mk