logo
logo
logo

Познат е наследникот на Филиповски во Партизан

Vecer | 07.03.2021

Познат е наследникот на Филиповски во Партизан

Партизан е во криза, а истата се продлабочи по поразот од Цибона во АБА-лига. Според медиумите во Србија, Сашо Филиповски е пред заминување од таборот на „црно-белите“, кои два месеци се без победа на Јадранот имаат скор од 7-12.

„Ќе преспијам, па ќе разговарам со луѓето во клубот, да видиме дали можеме да најдеме решени. Оваа ситуација не е добар ниту за мене ниту за клубот“, изјави по вчерашниот пораз Филиповски.

Неофицијално веќе е позната замената за Филиповски, кој на клупата го има македонскиот тренер, Боби Митев. Доколку челниците одлучат да ја прекинат соработката наследникот ќе биде Алесандар Матовиќ, кој веќе со години е во стручниот штаб на Партизан.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk