logo
logo
logo

Пожарот во Евертон се разгорува: Мошири најави продажба на клубот

Vecer | 24.01.2023

Пожарот во Евертон се разгорува: Мошири најави продажба на клубот

Фархад Мошири е подготвен да го продаде Евертон за „повеќе од 500 милиони фунти“, се вели во информацијата која вечерва ја лиферуваат англиските медиуми. Во моментов на „Гудисон Парк“ ситуацијата е тешка, особено по саботниот пораз од 2-0 од ривалот за испаѓање Вест Хем Јунајтед, а менаџерот Френк Лампард беше ослободен од должноста.

Поранешниот тренер на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса, наводно, е главната цел на „карамелите“, иако се верува дека Аргентинецот не е расположен да се нафати со оваа работа.

За да бидат работите уште полоши, двајца од клучните играчи на клубот, Амаду Онана и Ентони Гордон, наводно, не се појавиле на тренинг денеска. Во една ваква состојба за која очигледно нема решение, косопственикот Мошири најавил дека сака да го продаде својот удел во клубот. Во извештајот на „Гардијан“ се наведува дека британско-иранскиот милијардер е „отворен за малцинска или мнозинска продажба“ со „број на потенцијални купувачи кои изразуваат интерес“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk